МКЦ: Промоција на „Не одам никаде“ од Румена Бужаровска

Сподели

МКЦ Кино Фросина, Промоција на книгата “НЕ ОДАМ НИКАДЕ” од авторот Румена Бужаровска, 14 декември, 20.30 часот

Повелете на промоција на најновата збирка раскази на Румена Бужаровска „Не одам никаде“ во издание на Или-или.
Промоторки: Ирена Цветковиќ и Магдалена Хорват
По промоцијата следи потпишување на книгата и забава во фоајето со диџеј сет на Ненад Тонкин

Румена Бужаровска (1981, Скопје) е авторка на збирките раскази Чкртки (2007), Осмица (2010) и Мојот маж (2014), книгичката мали фикции Спиј (2017), како и студија за хуморот во книжевноста За смешното: теориите на хуморот низ призмата на расказот (2012). Се занимава со книжевен превод од англиски на македонски (Луис Керол, Џ.М. Куци, Труман Капоти, Ричард Гвин, Чарлс Буковски). Во 2016 година беше избрана за еден од најинтересните писатели во Европа (Ten New Voices of Europe) во рамките на платформата Literary Europe Live. Добитничка е на хрватската регионална награда за кратка проза „Едо Будиша“. Во 2018 година беше стипендистка на Меѓународната програма за писатели при Универзитетот во Ајова. Таа е една од организаторките и иницијаторките на ПичПрич – платформа за раскажување женски приказни. Предава американска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје.