Алтернатива Настани

МКЦ: String Forces со концертна промоција на нов албум за 20-тата годишнина

Сподели:

String Forces во петок (10.02) од 21 ч. во МКЦ го промовираат својот нов албум, „Соголи ме“.
 Ова е петти по ред студиски албум на бендот, а следува по „Reductio ad Absurdum“ од 2009, „Свиленкаст пат“ од 2006, „Изохронија“ од 2002 и „String Forces“ од 1999. Како и претходните, албумот е снимен во студиото „Профундус“ во продукција на String Forces, под водство на Дориан Јовановиќ во периодот од март 2016 до јануари 2017. Во истиот период групата продуцираше и четири видео-спота за песните „Ние сме“, „Тишина“, „Зборот“ и последниот, промовиран на 3 јануари 2017, „Има ли“. Албумот е снимен од членовите на групата: Александра Мангаровска-Милиќевиќ – вокал, Александар Стојанов – вокал, Александра Кузман – виолина, Дамјан Темков – клавир, Благојче Пенов – тапани и Дориан Јовановиќ – Стик, бас и електроника.

Во чест на дводецениското творење на групата, на концертот покрај новиот албум ќе бидат изведувани и песни од сите претходни четири албуми на групата, а на сцената ќе се качат и некои поранешни членови.

 Картите во претпродажба можат да се купат на билетарата на МКЦ и mktickets.mk по цена од 200 денари,  а на денот на настанот истите ќе бидат 300 денари.
Сподели: