Млади за Скопје #7 – Концерт на Морфеј

Сподели

Млади за Скопје #7 – Концерт на Морфеј

МКЦ, 13.мај

Концертна промоција на материјалот што ќе се најде на првиот албум на МОРФЕЈ!

Morfej
Морфеј е дуо што го сочинуваат Небојша Тодоровски (гитара и вокали) и Дарио Циевски (тапани). Бендот е формиран во август 2016 год и свири алтернативен експериментал рок со примеси на ноис и пост-панк. Небојша е познат по своите поранешни бендови Sound Polution со кој има издадено еден албум и Хипнополис , исто така со еден албум. Главна инспирација му се Thurston Moore, Lee Ranaldo и Nels Cline. По 16 години активно свирење по разни бендови и проекти, решава да создаде нов бенд во кој ќе го преточи досегашното искуство. Дарио Циевски е тапанар кој активно свири 6 години. Досега има свирено со разни локални бендови. Главна инспирација му се Benny Greb, Dave Weckl, Gavin Harrison, Mark Guiliana, Kaspar Rast и други.
Текстовите на Морфеј се полни со револт и ја прокламираат индивуалноста. Музиката е исполнета со напнати ритмови и гитари, но има и моменти на меланхолија проследени со ноис.
>> Youtube: https://goo.gl/yPvdmt