Македонскиот народен театар го објави репертоарот за ноември и декември, со избор на претстави од актуелниот репертоар, нови сценски продукции и содржини наменети за различни генерации публика.

Ноемвриската програма ја одбележуваат претпремиерата и премиерата на новата претстава „Црно злато“, закажани за 26 и 27 ноември, со почеток во 20.00 часот. На репертоарот се и „Страв и надеж“, „Не се клади на Енглези“, „Марта Верина“, „Кец на десетка“, „Торонто експрес“, „Бели ноќи“ и „Широк дијафазон“. Програмата вклучува и повеќе изведби на „Златно славејче“, како и претставата за најмладата публика „Лефти и Рајти си најдоа дом“.
Во декември продолжуваат изведбите на „Црно злато“, заедно со претставите „Мој термин“, „Народен пратеник“, „12“, „Кец на десетка“, „Три сестри“, „Марта Верина“, „Животот е прекрасен“, „Торонто експрес“, „Бели ноќи“ и „Страв и надеж“, како и музичко-сценските содржини од програмата на МНТ.

Со разновидниот репертоар, Македонскиот народен театар продолжува да ѝ нуди на публиката можност да проследи различни театарски жанрови.
Билетите се достапни онлајн преку официјалната веб-страница на МНТ, www.mnt.mk, како и на билетарницата на театарот, која работи секој работен ден од 13.00 часот.


