Алтернатива Настани

МОБ: “КАРМИНА БУРАНА”

Сподели:

Во петок 10 март, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена најпопуларната сценска кантата „Кармина Бурана“, од германскиот композитор Карл Орф.

„Кармина Бурана“ со пораката: „Среќата да биде владетелка со светот“, со право ја нарекуваат кантата на XX век. Овој пат „Кармина Бурана“ ќе има специјално режирана концертна изведба.

Изведбата на солистите Катерина Стојановска (сопран), Дејан Стоев (тенор) и Марјан Јованоски (баритон), ќе биде придружувана од хорот и оркестарот на МОБ.

Режисер е Дејан Прошев, а диригент, Сашо Татарчев.

Сподели: