МОБ: СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕРИН

Сподели

14495319_1473537269340155_5950289004643261430_n

МОБ, 25 октомври

ПРЕКРАСНАТА ПРИКАЗНА ЗА ПОБЕДАТА НА МЛАДОСТА И ЉУБОВТА

25.10.2016 / 27.10.2016 20.00 ч
Џоакино Росини
СЕВИЛСКИ БЕРБЕР (ПРЕМИЕРА)

Диригент: Џанлука Мартиненги (Италија)
Режисер: Урсула Хорнер (Австрија)
Сценограф: Марија Ветероска
Костимограф: Марија Пупучевска
Светло дизајн: Васко Лисичов
Асс.режисер: Љупка Јакимовска
Концерт мајстор:
Асс.хор мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска
Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов

Фигаро: Маријан Јованоски
Розина: Јелена Кончар (Србија), Билјана Јосифов
Гроф Алмавива: Благој Нацоски, Роберто Јачини Вергили (Италија)
Дон Базилио: Владимир Саздовски
Дон Бартоло: Небојша Бабиќ (Србија)
Берта: Николина Јаневска, Злата Тошевска
Фиорело: Кристијан Антовски, Тихомир Јакимовски
Офицер: Тихомир Јакимовски
Амброзио: Невен Силјановски

Синопсис:

Дејствието од операта се одвива во Севиља.
Розина е млада девојка која е заљубена во грофот Алмавива. Младиот и убав гроф секојдневно пее под прозорецот на Розина со цел да и се приближи. Но, Розина ја чува стариот доктор Бартоло, кој сака да се ожени за неа и не и дозволува да излезе од куќата. Фигаро, личниот бербер на Бартоло, им помага на Розина и Алмавива да се запознаат, претставувајки го Алмавива како учител по пеење. И додека Фигаро го бричи Бартоло, Розина и Алмавива се договараат околу својата иднина.
За да ја остварат заедничката љубов, на Розина и Алмавива им помага Фигаро, така што им носи матичар и сведоци. Во тој момент се одвива венчавката, а стариот Бартола мора да ја прифати победата на младоста и љубовта.

Билетите се пуштени во продажба.
Билетарница на МОБ 02/ 3118 451
Online: www.mob.mk