КИЦ Тирана: Изложба на фотографии “StandWithUkraine” од Кристина Атовска

Сподели

 

Пред многубројни гости и дипломати од повеќе земји, вчеравечер во македонскиот Културно информативен центар во Тирана, новинарката и воен известувач од Украина, г. Кристина Атовска ја претстави својата изложба од нејзиното патешествие и воено известување од Украина, воедно прикажа трајлер за нејзиниот долгомотражен документар филм.

 

 

Украинскиот амбасадор во Тирана, господинот Володимир Шкуров, изрази голема почит кон нас и нашата земја, за сета подршка и помош во нивната борба за слобода.