Молеровиќ: Послание до наставниците – На миг сетете се на вашиот прв училишен ден

Сподели

 

Послание до наставниците,

Драги мои колеги, наставници на 3.септември не е најважно да го имате најдоброто парче облека на вас, најсредениот hair styles , make up …не, насмевка ви треба ама онака од срце да им ја подарите на учениците кои со нетрпение и возбуда се подготвуваат за враќање во училиште и првиот свечен ден.

Училиштето може за некого да биде најинспиративното место за учење, дружење, игра и престој, но, за некого е најголем кошмар и причина за тага,лично разочарување и неспокој. Од вас зависи колку ќе сакаат да учат, да вложуваат во себе, да се надградуваат и да израснат во неверојатна личност, а вие сте нивната инспирација или демотивација.Затоа вложувајте во себе , бидете мајстор на својот учителски занает за да учат од најдобрите.Тие тоа го препознаваат и почитуваат.На првиот час избегнете го клишето од old fashion прашања: Се одморивте? Сакавте уште одмор? Дали бевте на одмор? Каде бевте? Како си поминавте?…..Обидете се вака: Кои се вашите чувства денес? Кој настан од летото ви беше највозбудлив? Зошто? Што не успеа да направиш ова лето а, можеби сакаше? Топло препорачувам да побарате од нив да ги напишат нивните очекувања во новата учебна година и како мислат да ги остварат? Сочувајте ги одговорите за последниот училишен ден за да си ги согледаат резултатите од очекувањата и исполнувањата. Зошто да, а зошто не? Така ќе имаат одговорен однос кон себе, ќе ги негуваат желбите, а ќе размислуваат за поставување сопствени цели и што е потребно да постигнат успех.

Ќе има и првачиња мали, збунети главчиња кои од вашите очи ќе бараат зборови на охрабрување, подршка и сигурност.Соопштете им дека процесот на учење може да биде креативен, забавен, дека трудот се вреднува највеќе, дека никој не е помалку вреден, дека нема погрешни одговори, дека секој може да се искаже себе си и начинот на кој го гледа светот….Охрабрувајте ги дека и после секој недоволно успешно постигнат резултат треба да се има трпение да се пронајде нов начин за да се дојде до целта.

Само малку, на миг сетете се на вашиот прв училишен ден кога со поглед ја баравте најубавата, најдобрата наставничка која ќе ве допре со нежност, разбирање, мајчински и пријателски ќе ви посака добредојде во светот на бројките, буквите, книгите…и училишниот живот.
СРЕЌНО НА СИТЕ НАС !!!!

Фб статус, Наде Молеровиќ