Алтернатива Настани

Монголецот Литов Намдагжанчивин беше прогласен за почесен член на ДПМ

Сподели:

Оваа одлука ДПМ ја донесе како израз на почит кон особениот придонес на Литов Намдагжанчивин во афирмацијата на македонската литература во Монголија и за поттикнувањето и интензивирањето на соработката меѓу македонската и монголската култура

thumbs_b_c_ab3a233576b2d323e01d064dfaf1dd3f

СКОПЈЕ (АА) – Познатиот монголски културен деец Литов Намдагжанчивин денеска во Скопје беше прогласен за почесен член на Друштвото на писателите на Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа одлука ДПМ ја донесе како израз на почит кон особениот придонес на Литов Намдагжанчивин во афирмацијата на македонската литература во Монголија и за поттикнувањето и интензивирањето на соработката меѓу македонската и монголската култура.
По повод прогласувањето за почесен член на ДПМ, на Литов Намдагжанчивин му беше врачена плакета од страна на претседателот на Друштвото на писатели на Македонија, Веле Смилевски.
Литов Намдагжанчивин е преведувач, архитект и сликар. Долги години е соработник со Струшките вечери на поезијата за кои ја подготви Антологијата на современата монголска поезија. Негови преводи се застапени во познатата едиција на СВП „Плејади“.
Резултат на неговата активност е подготвувањето на Антологија на македонската поезија во издание на Монголската академија за култура и поезија.
Литов Намдагжанчивин подолго време непосредно соработува со Друштвото на писателите на Македонија и настапува со преводи и со свои песни на монголски и на македонски јазик.
Тој е автор на преводите на стихови од низа македонски поети меѓу кои се Константин Миладинов, Кочо Рацин и Блаже Конески. Литов Намдагжанчивин е почесен конзул на Монголија во Република Македонија.

AA.COM.TR

Сподели: