Моника Стојановска на Скопскиот поетски фестивал

Сподели

 

На 27 септември, со почеток од 18 часот во МКЦ ќе се одржи промоцијата на „Ново раѓање на зборот: антологија на младата македонска поезија“, приредена од Весна Мојсова Чепишевска и Иван Антоновски
 
Воздух. Ветер. Дишење. 
 
Моника Стојановска (1993, Скопје) дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, отсек Италијански јазик и книжевност. Авторка е на стихозбирката „Има и такви денови“ (2022, Полица).
Нејзината поезија е објавена во неколку списанија и антологии. Преведувана е на српски и на хрватски јазик. Добитничка е на третата награда на Конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“ за расказот „Розов еж“ во 2022 г. Учествувала на неколку поетски читања. Работи како илустраторка и дизајнерка за својот бренд и како медиумска аналитичарка.