Мултимедијален омаж за Данило Коцевски

Сподели

 

По повод Денот на ослободувањето на Скопје, Дирекцијата за култура и уметност на Скопје по трет пат годинава ќе ја реализира мултимедијалната манифестација „Денови на европско Скопје“ која ќе се одржи под покровителство на Град Скопје а со поддршка од Канцеларијата на Европската Унија во РСМ.

Oвогодинешната програма, во малку поразлични услови од претходните, ќе започне на 30-ти октомври (петок), со почеток во 12 часот, во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ќе се одржи мултимедијален омаж за хроничарот на Скопје, Данило Коцевски.
Одломки од богатото творештво на Данило Коцевски ќе интерпретираат:
Ана Голејшка Џикова, Васко Марковски, Владимир Лукаш и Владимир Мартиновски.

Данило Коцевски има објавено триесетина дела од најразлични жанрови. Пишувал драми, од кои неколку се изведени и наградени. Сепак неговот име се поврзува како хроничар на градот Скопје. Коцевски беше автор на серијалот текстови „Скопски легенди“ во „Нова Македонија“, во кои беа објавени бројни приказни поврзани со историјата на Скопје, а во 2017 година Дирекцијата за култура и уметност со истиот наслов издаде книга која е една од трите изданија на Дирекцијата посветени на творештвото на Коцевски заедно со „Го сакам Скопје“ издадена во 2000 година и „Магијата на Скопје“ издадена во 1997 година.
Тој е добитник на престижни признанија од областа на книжевноста и публицистиката, а негови текстови се преведени на неколку јазици и застапени во неколку антологии.
Првата книжевна творба ја објавил во весникот „Нова Македонија“ во 1962 година и оттогаш објавувал континуирано се до денес. Познат е пред се како книжевен критичар и теоретичар. Но пишувал и проза, поезија и драмски текстови. Објавил 26 книги од сите жанрови, како и неколку драмски текстови од кои некои се. Добитник е на еминентни признанија од областа на книжевноста и публицистиката, a негови текстови се преведени на неколку јазици и застапени во неколку антологии. Познат е и како хроничар на градот Скопје, со неколку издадени книги и повеќе документарни и телевизиски емисии посветени на градот.

Согласно протоколот за организација на настани во време на COVID-19 задолжително е:
– носење на лична заштита на лицето (маска, шал, марама), на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација;
– задолжително одржување на физичко растојание на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација;
– задолжителна дезинфекција на раце на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација.