Мултимедијалниот проект „Капење“ на Дориан Јовановиќ и Стефан Шашков во Чифте амам

Сподели

 

Мултимедијалниот проект „Капење“ на авторите Дориан Јовановиќ и Стефан Шашков денеска ќе биде отворен во Чифте амам во 20:00 часот, а ќе трае до 7 јануари 2024 година.

– Со овој проект, на еден симболичен начин ја продолжуваме традицијата на амамот, како место за прочистување, додавајќи и една нова димензија, а тоа е прочистување на перцепцијата со светлосни и аудиовизуелни „козметички“ средства – велат од Националната галерија.

Оваа инсталација на видеа и звук е последен проект за 2023 година на Националната галерија.