Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Мустафа Хајрулахи едногласно избран за шеф на Вишото ЈО Скопје

Сподели:

 

Советот за Јавни обвинители денеска едногласно ( со 8 гласа „за“ ) го избра Мустафа Хајрулахи за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје.

Хајрулахи беше единствен кандидат за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, откако од трката се повлекоа обвинителите Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми, кои му беа противкандидати.

Јолевски, посочи дека Мустафа Хајрулахи е позитивно оценет со 23 поени, додека Арбер Исаку, посочи дека Хајрулахи во изминатите 4 години ја вршел оваа функција покажал резултати, и со неговиот избор само уште повеќе ќе се подобрат состојбите на подрачјето на Вишото јавно обвинителство.

Сподели: