Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Почнува кампањата за локалните избори 2021

Сподели:

 

Изборната кампања за Локалните избори 2021 на 17 октомври, почнува денеска и ќе трае до 15 октомври на полноќ.

Централниот настан на караванот „Најдоброто за твојата општина“ предводен од СДСМ е закажан во Битола, а претходно караванот ќе биде со граѓаните на Демир Хисар. Караванот своите активности ги завршува на 15 октомври со голем граѓански настан во Куманово.

ВМРО-ДПМНЕ кампањата за локалните избори ќе ја води под слоганот „Создади нова иднина“, а ја почнува со собир во Античкиот театар во Охрид, а во текот на денот претставување на програмата во Скопје ќе има кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска, која е поддржана од опозициската партија.

ДУИ најави дека кампањата ќе ја почне и ќе ја заврши во Гостивар.

Беса изборната кампања ќе ја започне вечер во Скопје со собир на отворено пред салата „Борис Трајковски“.

На Локалните избори закажани за 17 октомври 2021, право на глас имаат 1 824 864 граѓани. За првпат ќе бидат применети терминали за читање отпечатоци од прсти.

Кампањата и за локалните избори ќе биде набљудувана од страна на претставици на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, како и други организации. 

Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 31 октомври, а кампањата за втор круг ќе трае до 29 октомври на полноќ.

Сподели: