Музеј на Град Скопје: Изложба на графики “Графичко триенале”

Сподели

 

На 26 ноември, вторник со почеток во 19:30 часот во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена триеналната изложба на Графичката работилница Софија Богданци.

На изложбата ќе бидат поставени повеќе од 120 графики создадени на последните три главни сесии на единствената графичка работилница од ваков тип во Македонија и во регионот. На отворањето ќе говорат Националниот координатор за развој на култура, Роберт Алаѓозовски и графичарот и професор, Тони Васиќ.