Во македонскиот Културно-информативен центар Белград, беше реализиран музичкиот проект „Извор“ во изведба на македонските музички уметници Владимир Лазаревски (обоа), Памела Велкова (виолина) и Марко Виденовиќ (композитор и пијано).
Музичкиот проект и музичките уметници ги претстави директорот на КИЦ -Белград, Васко Шутаров а настанот го поздрави и македонскиот амбасадор во Р. Србија, Никола Тупанчески.
Музичкиот проект кој содржи десет современи музички теми е поддржан од Министерството за култура и туризам, а партнери на КИЦ Белград во организацијата на овој исклучително топло примен музички настан беа Културниот центар на Белград и Националниот совет на Македонците во Србија.
