Концерт на Симон Трпчески и пријателите во Вигмор хол (пренос во живо)

Сподели

 

 

Пијанистот Симон Трпчески денеска во престижната концертна сцена во Лондон ќе одржи матине концерт насловен „Трпчески и пријателите“, во рамки на пролетната серија концерти на Вигмор Хол. Почетокот на едночасовниот настап е закажан за 13 часот по британско, односно 14 часот по средноевропско време.

 

 

Овој концерт, на кој сцената со Трпчески ќе ја делат и Ѓорѓи Димчевски на виолина, Сорин Спасиновици од Романија на виола, Александер Сомов од Бугарија на виолончело, Хидан Мамудов на кларинет и Влатко Нушев на перкусии, ќе се пренесува во живо на веб-страницата на Вигмор Хол во HD, а видеото ќе биде достапно 90 дена по датумот на емитување.

достапен линк за следење во живо