Вести Македонија Ударни вести

МВР: 198 сообраќајни прекршоци во Скопје – 52 за брзо возење

Сподели:

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 198 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52 санкции, осум за возење без возачка дозвола, три за нерегистрирани возила.

Изречени се 12 санкции за користење мобилен телефон, три за возење под дејство на алкохол, пет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, три за некористење сигурносен појас, три за минување на затворен сигнал (црвено светло), 63 санкции за непрописно паркирање.  

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштуваат од МВР.   

Сподели: