МЗ: Пријавените на vakcinacija.mk, ќе добијат термин до 15 мај

Сподели

 

До крајот на летото може да се постигне колективен имунитет имајќи ги предвид сите количини вакцини кои треба да пристигнат во нашата земја, изјави министерот Венко Филипче.

Околу 160 илјади граѓани пријавени на сајтот vakcinacija.mk до 15 мај ќе добијат термин за вакцинација, преку СМС порака или меил со точно време и пункт каде треба да се јават. Тоа значи дека и помладите категории на граѓани ќе бидат вклучени во процесот на вакцинација, затоа што решивме да ставиме приоритет на пријавените преку веб платформата.

Сите вакцини се еднакво ефикасни во однос на спречувањето на тешка форма на болест и од смртен исход како резултат на болеста и тоа е потврдено со сите клинички испитувања, додаде министерот за здравство, Венко Филипче.

Министерството за здравство информира дека заклучно со завчера вакцинирани биле вкупно 107.978 граѓани, а на веб-платформата „vakcinacija.mk“ се пријавиле 279.909 лица.