Вести Македонија Ударни вести

МЖСП И UNOPS го заокружија процесот за расчистување на малата депонија со линдан во ОХИС

Сподели:

 

По одобрувањето на Планот за ремедијација на локацијата во ОХИС АД, министерот Нуредини и претставниците на Проектната канцеларија при МЖСПП, остварија средба со Михела Телатин директорка и Венелин Ранглов, советник за подршка во управување со проекти на Канцеларијата за проектни услуги на Обединетите Нации (UNOPS).

На средбата се разговараше за динамиката на реализација на предвидените активности за расчистување на малата депонија со линдан, како и за заокружување на целиот процес на расчистување локацијата од оваа опасна хемиска материја, со вклучување на Мулти-партнерскиот фонд со кој управува UNOPS.

Покрај ова, министерот Нуредини и претставниците на УНОПС разговараа и за други можности за развивање на поширока соработка во областа на заштита на животната средина помеѓу МЖСПП и УНОПС.

Сподели: