Вести Македонија Топ теми Ударни вести

На барање на премиерот Заев, Собранието ѝ изгласа доверба на Владата

Сподели:

 

Собранието изгласа доверба за Владата со мнозинство од 62 пратеници, откако премиерот Зоран Заев се повика на член 93 став 1 од Уставот, кој што вели, Владата има право да постави прашање за доверба пред Собранието, како и на член 217 став 2 од деловникот на работа на парламентот. Немаше пратеници коишто беа „против“ или „воздржани“. Опозицијата не присуствуваше на гласањето, иако изминатиот период беа се погласни во барањето на оставка на Владата. 

„Упорно се пласираат лаги со цел да се создаде перцепција на несигурност кај граѓаните, на неизвесност за економијата. Сепак, како и секогаш, вистината е најсилното оружје против лагите, лажните вести и невистините. Парламентарното мнозинство, јас, Владата и коалицијата нема да дозволиме неизвесност, несигурност, сопки, блокади и опструкции. Во име на сето претходно кажано, во име на вистината ја преземам одговорноста и обврската пред граѓаните согласно член 93 став 1 од Уставот и член 217 став 2 од деловникот на Собранието да побарам изјаснување на Собранието за доверба на Владата“, потенцираше премиерот Заев во завршницата на својот предлог за гласањето доверба на Владата да биде ставено на дневен ред на седницата на Собранието.

Сподели: