НА ЧИЈА СТРАНА СИ? За неврзаната деколонијална констелација во МОБ

Сподели

 

Меѓународна групна изложба и јавна програма НА ЧИЈА СТРАНА СИ? : За неврзаната деколонијална констелација
 Отворање на изложбата – 24 ноември 2022 година / 20 часот / Фоаје на Македонска опера и балет, Скопје
 
 Кураторки: Бојана Пишкур и Ивана Васева
Отворено секој ден од 10-18 часот до 16 декември.
Јавна програма – 25 ноември 2022 година / 12 часот / СКЦ Центар – Јадро
 
Учесници во изложбата: Дан Акостиоаеј | Архивски материјали од Неврзаното движење | Ѓорѓе Балмазовиќ | Ѓуверовиќ (таа/ неа) | Емилија Епштајн, Ана Кнежевиќ, Музеј на африканска уметност, Белград | Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова, Владимир Десков | Синиша Илиќ | „Картографија на меѓународните соработки во културата на СФР Југославија со земјите во развој“ (Теја Мерхар) | КУРС | Лабораторија на неврзаната уметничка колекција (Марина Челебиќ, Анита Чулафиќ, Нада Баковиќ и Наталија Вујошевиќ), Подгорица | Борко Лазески | Музеј на солидарноста Салвадор Аљенде, Сантиаго | Даринка Поп Митиќ | Дубравка Секулиќ | Ивана Сиџимовска | Хјун Сук Сео | Светска галерија на карикатури, Скопје | Мила Турајлиќ.
Дизајн на изложбата: Ивана Васева, Филип Јовановски во соработка со Димитар Милев, Тамара Џерков, Сандра Николовска
 Учесници во јавната програма: Даниела Бергер Прадо | Ник Аикенс | Грејс Самбох | Љубица Спасковска | Лина Ѓуверовиќ | Лабораторија на неврзаната уметничка колекција (Марина Челебиќ, Анита Чулафиќ, Нада Баковиќ и Наталија Вујошевиќ) | Ѓорѓе Балмазовиќ | Синиша Илиќ | Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова, Владимир Десков | Емилија Епштајн, Ана Кнежевиќ | КУРС | Даринка Поп Митиќ | Ивана Сиџимовска | Светска галерија на карикатура, Скопје | Бојана Пишкур | Ивана Васева.
 
Изложбата „НА ЧИЈА СТРАНА СИ: За неврзаната деколонијална констелација“ планира да направи скок во времето. Таа го поврзува сегашното глобално геополитичко преструктуирање предизвикано од војната во Украина со наследството на Движењето на неврзаните во неговите основни принципи – антиколонијализмот и (транс)националната солидарност, и повикува одново на радикална реинвенција на светот и уметноста во него. Парафразирајќи го размислувањето на Франц Фанон кое го пренесува Хоми К. Баба, „На чија страна си?“ (1), што е всушност едно од горливите прашања пред деколонијалните земји во контекст на Студената војна, оваа изложба сега сака да го постави прашањето – На чија страна сме, всушност, кога ќе одлучиме да заземеме страна и позиција, политички и културолошки? Понатаму, како тоа се манифестира денес врз животот на луѓето? И што можеме да научиме од овие одлуки во минатото? Изложбата „НА ЧИЈА СТРАНА СИ: За неврзаната деколонијална констелација“ нашироко зборува за присуството на антиколонијални идеи и акции во неврзаната Југославија во самите процеси на деколонизација и како тоа наследство и знаење за (анти)колонијализмот и антиколонијалната солидарност е занемарено, па дури и избришано од денешното сеќавање. Понатаму, преку вклучените уметнички дела и јавна програма, сака да создаде енергичен и имагинативен простор за шпекулации за тоа какви би биле новите антиколонијални и антиимперијалистички неврзани, политички и уметнички, и како тоа би поставило поинаква перспектива за иднината. Исто така е и простор на заеднички напор за повторно замислување на транснационалната солидарност во актуелната низа на политички настани преку повторно откривање на парадигмата на солидарност на ДНЗ. Изложбата и јавната програма ја отвора оваа тема за прв пат во Северна Македонија. Исто така, редок е потфатот да се презентираат неколку дела од повеќе странски институции како на пример Центарот за современа уметност на Црна Гора, Подгорица, Црна Гора, Музејот на африканска уметност – Колекција на Веда и Др. Здравко Печар, Белград, Србија и Музеј на солидарноста Салвадор Аљенде, Сантиаго, Чиле. Оваа изложба претставува и дела од современи уметници и истражувачи кои се обидуваат да ги поврзат спомените од минатото со денешната ситуација и да потсетат на деколонијалната сила на ДНЗ, дела од уметници создадени во активните денови на програмата за културни односи на ДНЗ, како и неколку обемни истражувања на културните програми и соработки СФР Југославија со земјите во развој и архивски материјали поврзани со ДНЗ. (извадок од текстот за изложбата)
Организатори: Факултет за работи што не се учат – ФРУ, Скопје, како дел од 17. АКТО Фестивал за современи уметности
Партнери: Модерна галерија, Љубљана, Центар за современа уметност на Црна Гора, Подгорица
Поддржано од Министерство за култура на Република Северна Македонија (како дел од 17. AKTO Фестивал за современи уметности), Европски проект ISLOKIN ко-финансиран од ЕУ)
Изложбата во Национална опера и балет ќе биде отворена од 10-18 часот.
Соработници на изложбата: Денис Сарагиновски, Ненад Тонкин, Борис Василески, Мартина Петреска
Графички дизајн: Кома дизајн студио, користени се оригинални илустрации и фоткографии на насловната страна на Ѓорѓе Симиќ за книгата „Колонии некогаш и сега“ од Вера Николова, издадена од РАД, Белград, 1954 година.