“На кафе зад превезот” – “Децата од нашата улица”

Сподели

13501748_1244072328944873_5616202779497200776_n

Дали некогаш сте се обиделе да влезете во чевлите на другите, да влезете во нивната кожа и да искусите една вечер од нивниот живот? Ве покануваме да ги затворите очите и да направите нешто што го правите секој ден.

Како млади лидери, членови на Младите можат ве покануваме на ден 14.07.2016- четврток, од 20 часот, во “Децата од нашата улица” да дојдете на кафе, жива музика и дружба, со лица од македонската естрада и токму вие да ни помогнете заедно да бидеме чекор поблиску до општество без граници.
Целта на настанот е будење на свеста за животот на оние млади со попречен вид и нивна поголема социјална инклузија.

“На кафе зад превезот”- настан кој ќе ве натера да видите нешто иако не гледате.

Овој настан е продукт на иницијатива која е дел од проектот „Младински лидерски иницијативи“, реализиран од Младите можат во партнерство со Симбиотика, а поддржан од ЦИВИКА Мобилитас програмата.