Вести Свет Ударни вести

На ЛОИ во Токио нови 24 случаи на коронавирус

Сподели:

 

Организаторите на Олимписките игри во Токио соопштија за 24 нови позитивни случаи на коронавирус денеска, што е најголем дневен пораст на заразени откако домаќините почнаа да објавуваат податоци на 1 јуни, пренесува МИА.

Вкупниот број на позитивни случаи на ковид-19 од 1 јуни се искачи на вкупно 193, соопштија олимписките организатори.

Во јапонската престолнина последните денови, исто така, расте бројот на новозаразени. Здравствените власти соопштија дека во средата со вирусот се заразиле 3.177 лица, што е втор последователен рекорд на дневна основа.

Сподели: