На Орце Камчев му се укинува домашниот притвор

Сподели

Јордан Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ, осомничени во истрага на СЈО „Империја“, по два месеца поминати во затворот Шутка и два во својот дом од денеска се на слобода.

Врховен суд претходно донесе начелно правно мислење дека СЈО не е овластен тужител за предметите кои ги презеле од редовното обвинителство, по 18 месеци од добивање на „бомбите“, што беше искористено како аргумент во жалбите.

Пасошите на Камчев, Јосифовиќ и Панделески се во Основниот суд Скопје 1. За нив не одлучува Врховниот суд. Тие засега остануваат како мерки за обезбедување присуство, а дали осомничените ќе бараат враќање назад се уште не се знае.

За ослободувањето на Камчев и останатите осомничени во Империја засега нема коментар од СЈО. Од таму велат дека се уште не ја добиле одлуката на Врховен.