Најголемите театарски ѕвезди од регионот на фестивалот РУТА во Драмски

Сподели:

Драмскиот театар Скопје од 26 до 31 октомври е домаќин на петтото издание на Меѓународниот театарски фестивал РУТА. Публиката ќе има можност да проследи шест претстави и копродукции од театрите членки на Регионалната унија на театри од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Црна Гора и од Македонија. Фестивалот ќе биде затворен на 31 октомври со претставата „Љубовта на Федра“ на Драмскиот театар Скопје.

Годинашното издание ја носи и новата програма „МоноРУТА“, со четири монодрами од регионот, меѓу кои и „Џеки“ во изведба на Трајанка Илиева Вељиќ. Претставите ќе се играат на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности, со почеток во 17 часот.

Програмата вклучува и три театарски работилници посветени на менаџментот во културата, актерската игра и сценскиот говор, кои ќе ги водат истакнати театарски професионалци од регионот.

Сподели: