Вести Македонија Став Ударни вести

Наместо елка, Касами во Тетово постави билборд со долгот на општината

Сподели:

 

Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами го одржа своето ветување во врска со објавувањето на долгот на општина во првите 100 дена.

 

 

Касами се обврза дека долгот на општината пред граѓаните ќе го објави на билборди, како и на монитор на плоштадот „Илириа“.

-За да бидеме транспарентни преку монитор долгот на општината ќе биде видлив за граѓаните на плоштадот, најави  пред извесно време градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами објавувајќи детали околу долговите на локалната самоуправа,.

Денеска, по улиците на Тетово, на билборди може да се забележи колкав е всушност долгот на општината – 24.018.222 евра.

Сподели: