53 МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ 2025
ТУРАНДОТ / TURANDOT – G. PUCCINI (МОВ / MOE 2025), 27.5.2025 -20.00 ч.
Интересна приказна за принцезата Турандот, која им поставува загатки на сите оние принцови, кои сакаат да се оженат со неа. За жал, никој од нив нема среќа и сите се погубени. Сè до појавувањето на Калаф, кој успешно ќе ги реши загатките и на крајот, триумфалистички ќе ја добие раката на Турандот.
Диригент е Џанлука Мартиненги од Италија, режијата, сценографијата и костимографијата се дело на светски реномираниот режисер Џанкарло дел Монако, чие име е синоним за врвни оперски продукции…
Во насловната улога на принцезата Турандот ќе настапи светски познатата сопранистка Вероника Џиоева од Русија, во улогата на Калаф ќе настапи кинескиот тенор, Ѕ-Жао Гуо, улогата на Лиу ќе ја толкува, Биљана Јосифов, улогата на Тимур, Владимир Саздовски, во останатите улоги ќе настапат: Драган Ампов, Јане Дунимаглоски, Дејан Стоев, Диме Петров, Марјан Николовски заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансмбл на Националната опера и балет.
Билетарница: 078 426 536 ; 02 3118 451
Онлајн: https://t.ly/Turandot2705
