Научна вистина за Михајло Пупин пред учесниците на Балкански поетски камп за деца и млади “Ванчо Николески”

Сподели

 

Учесниците на Петтиот балкански камп за деца и млади “Ванчо Николески”, благодарение на воспоставената соработка со менаџментот и вниманието од страна на претседателката на Управниот одбор, професор д-р Елизабета Шелева, односно директорот Тодорче Тасевски, се во прилика да проследат дел од манифестациите на светскиот поетски фестивал – “Струшки вечери на поезијата”, по нивен избор.

Тие вчера, ја имаа можноста да бидат во импресивниот амбиент на селото, односно општината Вевчани. По наша, но не и само наша вина, многу задоцнивме за приемот кај градоначалникот Спасе за што упатуваме јавно извинување.

 

 

На свои 90 години, со припомош на младите, потпрен на бастунчето (патерицата), познатиот научник, професор д-р Павле Митрески, дојде во Вевчани, на самото место – куќата, односно “Спомен домот” Михајло Пупин, радосен што изворно и од прва рака, ќе им ја каже вистината за Михајло Пупин, еден од најголемите светски научници и изумители, практично, таткото на глобализацијата.

Со голем интерес и воодушевувања, младите од балканските простори, преку збор и изложена докуменмтација, ја слушнаа историската вистина за тоа кој бил Михајло Пупин, од каде потекнуваат неговите претци, зошто и како неговата мајка Олимпија, од шестте деца, го испратила токму него во широкиот свет, по глобална наобразба. Најнапред во Чешка, а од таму во САД, каде станал врвенм научник, добротвор, но и дипломат. Личен пријател на тогашниот американски претседател Вилсон, кој го испратил на Мировната конференција во Париз, му ја доверил задачата да ја состави Декларацијата, во која има пасус за Македонија, т.е. за самостојна Македонија.

Дека Михајло Пупин, има корени од нашите краишта, потврда е фактот што тој имал посебна Фондација за поткрепа на студии за наши деца од Охрид и Струга, во Охрид за црквата стар Свети Климент го испратил најголемото црковно звоно, во тоа време, лиено во Љубљана, кое и денес одекнува од камбанариојата над Охрид, говорејќи ја вистината за големиот заљубеник во овој свет град.

Истражувањата на д-р Митрески се денеска општо прифатени во светот како најверодостојни и втемелени врз основа на оригинални документи.

Покрај првичните отпори, денеска е тоа признаено и од Српската академија на уметностите, научната јавност во балканските земји, но и од Руската академија на уметностите.

Професор д-р Павле Митрески, пишува за историјата на македонскиот народ, а посебно за Охридско – струшкиот регион. Објавил преку 140 прилози и 10 научни публикации. Добар дел од нив се за Михајло Пупин, а некои со посвета завршија во рацете на учесниците на Петтиот, по ред, Балкански шоетски камп за деца и млади “Ванчо  Николески”.

Веле Митаноски