Недела на борба против срцевосадови заболувања

Сподели:

Црвен крст на Република Северна Македонија од 21 до 28 февруари 2026 година ја одбележува Неделата на борба против срцевосадови заболувања под мотото „Здрав живот, здраво срце“.

Срцевосадовите заболувања се водечка причина за смртност – над 57% од смртните случаи во државата, а дури 80% од нив може да се превенираат со здрави животни навики.

Во рамки на неделата, општинските организации на Црвениот крст и Црвениот крст на град Скопје ќе реализираат едукативни активности, мерење крвен притисок и онлајн кампањи, насочени кон лица од 30 до 55 години.

Сподели: