Хороскоп

Неделен хороскоп: 15.01 – 21.01.2018

Сподели:

Овен

Време е да завртите нов лист и да го напуштите сето тоа што ве оптеретувало веќе подолго време. Ќе се чуствувате подготвени да тргнете понатаму што ќе ви донесе подобрување во вашата психичка состојба. Подгответе се за нови и возбудливи настани кои ќе ги има доста. Немојте да барате помош од страна, бидејќи таа може да биде недобронамерна или некритична. Оние кои се во брак ќе треба цврсто да се држат заедно за да можат зеднички да го решат проблемот кој ги засегнува. Ако сте слободни, излегувањето со една важна или многу драга личност предвидува дека вашите замисли комплетно ќе се реализираат. Бидете фини, складни и недостижни во конверзацијата, бидејќи само така ќе оставите добар впечаток.

Бик

Ќе помислите дека ништо не ви оди од рака. Односите со околината ви се лоши, а нема да се сложувате ниту со претпоставените, ниту со колегите на работа. Ќе биде нагласен отпорот и ограничувањата. Воздржете се, бидејќи во вашите настојувања нема да бидете многу успешни. Некои од вас ќе имаат прилика да заработат дополнителни финансиски средства. Ако сте во сериозна врска, овој период е важен за нејзината иднина. Слободните би можеле да започнат нова љубовна приказна. Брачните врски се под добро влијание на планетите, па затоа можеби ќе размислувате за проширување на вашето семејство. Во кругот на семејството се чуствувате среќно и за да остане тоа така ќе мора повеќе време да останувате во него.

 

Близнаци

Изненадени ќе бидете од добрите деловни контакти, како на вас да чекаат на секој чекор, оваа работна недела. Поволни ви се контактите со личности кои се на висока позиција а нешто можете да решите и преку приватни контакти. Контролирајте ја импулсивноста и користете ги сите свои ресурси. Можеби веднаш не ја гледате перспективата на некои деловни работи кои сега ги почнувате, но тие секако ќе вродат со плод. Не е поволен период за купување на автомобил. Внимавајте добро што потпишувате. Пријатен емотивен период. Нови познанства и флертови нема да ви недостасуваат. Сепак, тешко дека ќе се одлучите за влегување во подолга врска. Крајот на неделата ви носи многу страсти.

 

Рак

Дозволете си себе си повеќе време, негувајте го својот изглед. На некои од вас ќе дојдат до некаква реализација. Односите на работното место не се онакви какви што посакувате, но треба да знаете дека не треба постојано да се наметнуавте со своите ставови. На финансиски план нема да дојде до некои поголеми промени, но внимавајте некоја непромислена одлука да не предизвика непланирани трошоци.Во љубовта ќе морате поотворено да разговарате со вашиот партнер, ако сакате да ги избегнете недоразбирањата. Обидетете се, ќе бидете изненадени од тоа колку вашиот партнер има разбирање за вас. Слободните претставници ги очекува интересен предизвик.

 

Лав

Доколку нешто сте пропуштиле неделава тоа мора да го надополните. Ќе бидете во некоја занесеност, а тоа ќе ви биде и главна мотивација за сите ваши активности. Меѓутоа во овој период ќе морате со повеќе внимание да му се посветите на професионалните барања. Многу е важно со кој влегувате во работа. Одбирајте ги деловните партнери и соработници.  Ве очекуваат финансиски потешкотии кои успешно ќе ги разрешите. Многу ќе ве нрвира тоа што некои сакаат да се мешаат во вашиот приватен живот. Ќе бидете под притисок да постапите на одреден начин, а во вас се јавува отпор и желба за слобода.

 

Девица

Неделава би било добро да се држите само на сигурните деловни стази и проверените контакти. Не бидете премногу сигурни во новите пријателства и не му се доверувајте секому. Некои од вас ќе се впуштат во нови деловни авантури и експерименти, но бидете претпазливи во секој момент. Ќе наидете на препреки во работењето доколку се занимавате со инателектуална работа. Бидете внимателни во вложувањето во ризични ситуации, бидејќи можете да дојдете до финансиски загуби. Вашата љубов ќе ја дарувате на саканото лице. Ќе бидете многу интересни во друштво, а во слободното време ќе бидете опкружени со вашите пријатели. Поттикнати од љубовта, среќни и расположени ќе работите одлично и ќе имате резултати подобри од очекуваните.

Вага

Давате и добивате добри совети во овој период. Просперитетот е можен кај поголемиот дел на припадниците на овој знак. Поволен период доколку соработувате со странци или работите во некој голем колектив, каде ќе дојдете до израз. Вашите креативни идеи и предлози ќе наидат на одобрување од колегите. Можеби ќе ви понудат проект на кој можете добро да заработите или пак, хонорарна работа. Секако, финансиите ви се подобруваат. Токму кога помисливте дека сте заборавиле една личност и дека е време да продолжите понатаму, таа повторно се враќа во вашиот живот. Време е да го дефинирате тој однос и да го поставите на свое место. Ако сакате нешто ново, тоа сигурно ќе биде некој кој доста патува или моментално работи на некое усовршување.

Шкорпија

Мислењето на другите неделава многу ќе делува врз вас. Можеби ќе се нервирате поради плеткањето на другите во вашиот живот, но подобро е да се смирите и убаво размислете кого ќе го слушате, а кого ќе го игнорирате. Не обрнувајте внимание на ситните озборувања и подметнувања на работното место, бидејќи ги има доста, дури и оние кои ве сакаат и ви мислат само добро. Ќе се соочите со некакви тешкотиии и ќе биде потребно да се согласите на некаков компромис. Во љубовната врска во која се наоѓате владее слична состојба. Па размислете и одлучете што сакате и што очекувате од вашиот партнер, а истото важи и за оние кои се во брак. Слободните претставници на овој знак ќе ги загрижува тоа што се сами.

Стрелец

На ова поле најдобро ќе ги извршувате работните задачи, највероватно поради добрата интуицијата и концентрацијата која неделава ќе доминира кај вас. Доколку работата ви е поврзана со повеќе луѓе, контактитете ќе ве измачуваат. Не влегувјте во непотребни расправии. Финансиската состојба и покрај сите очекувања, останува иста. Во љубовта не се препуштајте само на вашите страсти, туку погледнете малку и во срцето на вашиот партнер. Потрудете се да се дистанцирате од вообичаените семејни нетрпенија. Бидете подготвени на компромиси. Слободните претставници ќе бидат повеќе отворени за дружење и нови контакти.

Јарец

Премногу се оптроварувате со работи кои во овој момент не ви се достапни. Тоа кај вас предизвикува нервоза. Со тоа не само што можете да ги нарушите односите во средината во која живееете и работите, туки и себе си да си предизвикате непотребни проблеми. Поставувате свои услови и брзо ќе забележите дека и другите ги прифаќаат. Ве очекува пријатно изненадување во вашето семејство. Конечно ќе ви успее да ги погодите намерите на вашиот партнер, кои ќе бидат нешто сосема друго од она што сте го очекувале на почетокот. Ќе забележите дека некој посебно се интересира за вас.

Водолија

Надворешните прилики ќе бидат завртени против вас. Иако проблемите воглавно ќе бидат од деловна природа, вашата приватна сфера ќе трпи. Искористете го моментот, бидејќи само со одлучна акција ќе го решите порблемот. Доколку ги вербализирате и тактизирате работите, би можеле да пропуштите одлична прилика. Растргнати сте помеѓу желбите и можностите. Ќе успеете да го реализирате тоа што сте го наумиле, бидејќи не се откажувате така лесно. Пронајдете алтернативен пат. Во овој момент успехот и тешкотиите се нераскинливо поврзани. Ако сте слободни, приликите за нова врска се поволни, но внимавајте на вашето однесување.

Риби

Не делувајте многу емотивно на евентуалните закаснувања или препреки, и не размислувајте за неважни работи кои се надвор од доменот на вашата работа. Ќе ви бидат нагласени духовните особини. Ќе барате друштво на луѓе со кои делите политички или религиозни ставови, уметнички или образовни интереси. Ако имате партнер можете да го искористите овој момент за обновување на чуствата, па би можеле да организирате романтична средба која долго ќе остане во вашите сеќавања. Ако сте и понатаму незадоволни во љубовта, променете нешто, но не бегајте од проблемите.

Сподели: