“НЕКРСТЕНИ ДЕНОВИ” на Иво Трајков во летно кино

Сподели

 

Вечер на програма 20:30 НЕКРСТЕНИ ДЕНОВИ на Иво Трајков, летно кино
 
НЕКРСТЕНИ ДЕНОВИ, (Ballad of Piargy)
Игран филм, Словачка / Македонија / Чешка, 2022, 100 мин., црно-бел, ДЦП
 
Режија: Иво Трајков (Ivo Trajkov)
Сценарио: Франтишек Швантнер, Јана Скорепова, Иво Трајков (František Švantner, Jana Skorepová, Ivo Trajkov)
Улоги: Јудит Бардос, Луција Сипосова, Јана Квантикова (Judit Bárdos, Lucia Siposová, Jana Kvantiková)
 
Во пролетта 1939 г. се пренесува веста дека во малото планинско село Пиарџи (Piargy), затрупано од снежна лавина пред само неколку дена, се родил Антихристот. Бискупот бара точно да се истражат изјавите на Јоанка, единствената преживеана од катастрофата, за да дознае што навистина се случило…
 
 
 
 
„Љубов, страст, надеж, грев и казна“… Ова се зборовите како симболи на модерната Содома и Гомора што најдобро би ја опишале атмосферата во најновиот филм на Иво Трајков. Визуелно раскошна приказна, базирана на кратка приказна на словачкиот писател Франтишек Швантнер (František Švantner), филмот импресионира со својата оригиналност и раритетност во пристапот на темата. Преку брилијантната црно-бела фотографија на Петер Бенчик (Peter Bencsik) тој суптилно и нетенденциозно ни доловува атмосфера на историска драма и претставува огледало на хипокризијата на моралот, религијата и патријархалната традиција во општеството – подеднакво релевантна денес, како и во периодот непосредно пред Втората светска војна. Музиката во филмот е на Кирил Џајковски.
 
 
 
 
Филмот НЕКРСТЕНИ ДЕНОВИ во словачко-македонско-чешка копродукција има учествувано на голем број меѓународни филмски фестивали – меѓу другите и на фестивалите во Буенос Аирес, Брисел, Фестивалот на независен филм во Монтреал… – и е добитник на триесетина награди.