#НемаОправдување – заедно против насилство врз жени и девојчињa

Сподели

 

Семејството на Обединетите нации, Владата и партнерите ќе се соберат во ,,Паркот на жената борец“ на 25 ноември 2019, во 19 часот, за да го означат почетокот на кампањата „#НемаОправдување – заедно против насилство врз жени и девојчиња“.

 

 

Настанот почнува во 19 ч. во „Паркот на жената борец“ и вклучува осветлување во портокалова боја, со цел приклучување кон глобалната кампања под темата „Обојте го светот во портокалово: Генерацијата Еднаквост зазема став против силувањето“.

Планираните активности за 16 дена активизам вклучуваат кампања на социјалните медиуми, со објавување различни содржини и едукативни пораки против насилство од различни луѓе, од различни сфери на животот како нивен знак на поддршка и организирање низа активности, како и дебати и работилници низ целата држава.

Портокаловата боја е симбол за посветла иднина без насилство врз жените. Приклучете ни се во борбата против насилство врз жени и девојчиња!