Ноќна музејска тура во Музеј на современа уметност

Сподели

 

Ноќна музејска тура во Музеј на современа уметност, во вторник на 12 јули, во 20 часот, заедно со кустос Бојана Јанева.
 
Ќе имате ретка можност со личен водич да посведочите на креативната работа на нашите ексклузивни гости, светски познатите уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхамер, информираат од МСУ.
 
 
 
 
Во текот на овие две недели, полските уметници создаваат 30-тина уметнички слики на картон со акрилна боја и колажи од стари историски книги, стари фотографски книги, каталози, мапи, карти, атласи, постери, образовни графикони…
 
Посетителите се добредојдени да донесат дел од овие материјали, и со тоа да придонесат во создавањето на делата.
 
Наедно, Јанева ќе ве води и нив тековните отворени изложби во МСУ.