Алтернатива Настани

Нова книга на Александар Литовски “Воочувања, соочувања 20/22”

Сподели:

 

Од печат излезе новата книга „Воочувања, соочувања 20/22“ на историчарот проф. д-р Александар Литовски.

Во книгата, на 257 страници се поместени педесетина текстови објавени во форма на колумни во весникот „Слободен печат“ и на порталите „Апла“ и „Денес магазин“, во периодот од мај 2020 до јуни 2022 година.

Александар Литовски

„Не е лесно и едноставно да се опишува сопственото време. За никого не е едноставно да се извиши до врвовите од каде ќе може мирно да го набљудува сеопштиот самрак на паметот, правдата и хуманизмот, пишува меѓу другото Александар Литовски во воведот на книгата.

Главен спонзор на оваа, инаку 25 книга по ред на Литовски, е болницата „Плодност“, а печатењето финансиски е помогнато и од АМД „Ѓорѓи Наумов“ и Обезбедување „Карпатија“.

Проф. д-р Александар Литовски е роден во Битола, каде го завршил основното и средно образование, а дипломирална Филозофскиот факултет –група Историја на УКИМ во Скопје, каде исто така магистрираше и докторираше. Вработен  е во Институтот за национална историја, а долги години работеше како кустос советник во битолскиот Завод и музеј. Соработува со разни весници и списанија. Автор е на повеќе рецензии на книги, изложби со историска тематика, повеќе научни статии и прилози, како и поголем број новинарски колумни, статии и есеи.

 

Сподели: