Стартуваше официјалната промоција на FindJob, нова платформа за вработување која има за цел да го олесни вмрежувањето меѓу кандидатите и компаниите. Оваа платформа е резултат на соработката меѓу здружението на граѓани „Мој социјален работник“ и компанијата Process In, кои заеднички работат на создавање поефикасен, праведен и инклузивен пазар на труд.
FindJob се разликува од другите платформи по својот индивидуален пристап, земајќи ги предвид животните и работните услови на кандидатите, како и специфичните барања на компаниите. Ова значи дека секој кандидат и секој работодавач добива персонализирана поддршка во процесот на вработување, со цел да се создадат долгорочни и продуктивни работни односи.

Платформата е отворена за сите кои бараат работа или работна сила, а особено е насочена кон олеснување на процесот на вработување за ранливи категории граѓани и компании кои имаат потреба од стабилен и соодветен кадар.
За повеќе информации и регистрација, посетете ја платформата FindJob и придружете се кон новата ера на вработување.
