Новата сезона во НОБ започнува со операта „Лидија од Македонија“

Сподели

 

Новата сезона во Националната опера и балет ќе се отвори со обновата на една од најубавите македонски опери „Лидија од Македонија“, од нашиот композитор Ристо Аврамовски на 16 септември 2023 со почеток во 20.00 ч.
 
Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Режисер, Пламен Карталов (Бугарија), обновата на режијата е на Трајко Јордановски, сценографијата е на Панче Минов, а костимографијата на Елена Дончева. Концерт-мајстор: Верица Ламбевска, Хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.
 
Настапуваат солистите, хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
 
Операта „Лидија од Македонија” е опера во два дела. Создадена е во 2001 година, по нарачка од тогашниот Македонски народен театар. Либретото е на Гиј Шелеи и Дора Петрова (Франција) во препев на Лилјана и Јордан Плевнеш. Се работи за првата покрстена жена на европскиот простор од свети апостол Павле, која се викала Лидија и била од Македонија. Се обработуваат настани што се случиле во тоа време. Тоа е библиска тема.
 
Билетите за претставата се пуштени во продажба онлајн  и на билетарницата на Националната опера и балет.