Вести Свет Ударни вести

Нови земјотреси во Петриња, најсилниот 4,2 по Рихтер

Сподели:

 

Нов земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала утрово околу 7 часот и 50 минути ја стресе областа Петриња и неговата околина, откако претходно во 4.20 минути беше регистриран земјотрес со интензитет од 3,5 степени.

Земјотресот беше почувствуван во Загреб, во Бања Лука, но и во Словенија. Според хрватската сеизмолошка служба, епицентарот е на два километра северо-источно од Петриња.

Досега нема информации за повредени.

 

Сподели: