Новогодишен концерт на градскиот плоштад во Куманово

Сподели:

Празничниот забавен викенд продолжи и вечерва со новогодишен концерт на градскиот плоштад, во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општината.

Во новогодишен амбиент, пред публиката се претставија рок бендот Пеперминт, кумановскиот пејач Мартинијан Кириловски и националната поп икона, Антонија Гиговска.

На музичкиот настан присуствуваа членови на Советот на Општината и претставници од општинската администрација.

Сподели: