Објавен повик за фестивалот на светлината „Skopje Light Art District – The Sun“

Сподели

 

ЈУ Универзална сала и градот Скопје го објавуваат следниот ЈАВЕН ПОВИК за избор на предлог концепти во рамките на Фестивалот на Светлината “Skopje light art district 2021”

 

 

SKOPJE LIGHT ART DISTRICT 2021 – THE SUN

Годинешната тема на Skopje light art district e сонцето, кoe e непресушен извор на светлина и бесконечна енергија.

Сонцето е ѕвезда во центарот на нашиот сончев систем. Тоа е џиновска жешка топка од загреани гасови кое блеска благодарение нуклеарната фузија во неговото јадро. Со температури од 15 милиони целзиусови степени, Сонцето зрачи со огромна количина на енергија, во вид на светлина и инфрацрвени зраци, кое го создава и оддржува животот на Земјата. Врската помеѓу Сонцето и Земјата го создаваат целокупниот живот, времето, климата, промената на годишните времиња, океанските струи, зрачните појаси и аурорите. Иако има милијарди sвезди како Сонцето расфрлани низ нашата галаксија, нашето Сонце е посебно за нас. Затоа уште од самите почетоци на човештвото го симболизира го животот, врховната моќ, космичката енергија и животната сила што им овозможува на сите нешта да напредуваат и да растат. Сонцето се користи како симбол на моќ, енергија, сила и повторно раѓање. Претставува херој, големо космичко око на небото, знаење, божественост… и многу повеќе.

Добредојдовте на сончевото издание на Skopje light art district!

Skopje light art district претставува линк што ги обединува уметноста, технологијата и науката, минатото, сегашноста и иднината, градот со природата преку употреба на јазикот на светлината.

 

СКЛАД е основан во 2018 година, со цел да создаде нов културен и општествен настан со фокус на светлосната уметност. Преку трите претходни изданија, во 2018, 2019 и 2020 година, СКЛАД успешно го претстави Скопје на мапата на европски фестивали на светлината, презентирајќи светлосни инсталации и уметност во нови медиуми на водечки уметници од светот, преку истакнување на домашната уметничка сцена. СКЛАД исто така цели да создаде соработка со други регионални настани и фестивали на светлината, сорабтока со која веруваме дека ќе ја зајакнеме важноста на Скопје како нов центар за современа уметност.

 

 

Фестивалот на светлината – Skopje light art district e културно-општествен настан, кој преку најразлични светлосни инсталации и видео проекции поставени на различни локации во градот кои се протегаат по замислена рута, почнувајќи од Жена парк, преку зградата на Пошта, па се до Градскиот парк во Скопје, во периодот од 8 – 11 септември оваа година.

Повеќе информации околу повикот, начините на финансирање и останатите детали поврзани со 4-тото издание на Skopje Light Art District, може да се најдат на официјалната веб страна на фестивалот, https://www.skopjelightartdistrict.com/call-2021.