Вести Македонија Свет Ударни вести

Од 25 јуни влез во Гермнија со примени две дози вакцини одобрени од ЕМА

Сподели:

 

Од 25 јуни германската влада ќе им дозволи на патниците надвор од ЕУ кои примиле две дози на вакцина против Ковид-19 да влезат во државата, соопшти германското Министерство за внатрешни работи. Од тој датум, тие ќе можат да влезат во земјата најрано 14 дена по приемот на втората доза.

Патниците можат да влезат во Германија или како туристи, или да ги посетат семејството и пријателите.
 

Услов за влез е, сепак, да биле вакцинирани со една од вакцините наведени на веб-страницата на Институтот Пол Ерлих каде во моментов, признати се само оние вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА).

Другите вакцини кои нудат слично ниво на заштита ќе бидат додадени на списокот веднаш штом ќе бидат завршени потребните проценки, се вели на веб-страницата на Министерството.

Сподели: