Заев: Бугарија е свесна за реалноста на македонскиот народ и македонскиот јазик

Сподели

 

„Бугарија е свесна за реалноста заради тоа што Република Северна Македонија, македонскиот народ и македонскиот јазик се непобитен факт и тие знаат дека ЕУ ова го третира како европска вредност, европска придобивка“, рече премиерот Заев во интервју за ТВ 21, и додаде дека е многу лесно да се направи кавга, но нам ни требаат решенија.

 

 

„Европа не може да помине преку тоа, затоа што, прво, ако е така ваквите билатерални прашања ќе станат правило и тоа е недозволиво за ЕУ“, истакна премиерот Заев.

„Моја должност е да не се откажуваме и да стигнеме до решение заради тоа што нашиот народ очекува да најдам решение“, рече премиерот Заев.

„Сега има пенал за шутирање, за кавги колку што сакате, но нас не ни треба тоа. Ни треба пријателство. Нас ни треба трезвени глави, мудри лидери кои што навистина ќе дадат шанса на дијалогот, ќе дадат шанса на решенијата, не на конфликтот“, истакна Заев во интервју за ТВ 21.

 

 

„Апелирам до целиот наш народ, има можности и постојат шанси за успех и секако притоа заштитувајќи ги сите наши интереси“, рече претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев во интервју за ТВ 21 и додаде дека Владата постапува рационално, без конфликти да се стигне до решение до декември. Тоа е европскиот начин. Тоа е македонскиот начин.

„Ако го викнам Мицкоски до мене и се поставиме онака како што тој би се поставил ќе ни се случи уште еднаш грчкото сценарио. Ние тоа не го сакаме, ниту на Бугарија и треба тоа. Затоа треба да продолжиме онака европски како што ни личи, затоа што ние не сакаме да бидеме членка на ЕУ за да бидеме членка на ЕУ, сакаме да се европеизираме. Европа да ја имаме дома и тоа го покажуваме секој ден со нашето однесување. Европски е и во моментот кога ни е тешко да ги скротиме нашите чувства и да ја прифатиме секоја шанса“, нагласи премиерот Заев во интервју за ТВ 21.