Од коронавирусот починати се 2.619 лица – заразени повеќе од 79.000

Сподели

 

Од новиот коронавирус, според последните податоци, досега починаа 2.619 лица, а заразени се повеќе од 79.000.

Надвор од границите на Кина потврдени се 27 смртни случаи, од кои најмногу 8 во Иран и 7 во Јужна Кореја, пренесува Си-Ен-Ен. Најмногу заразени на дневно ниво има во кинеската провинција Хубеј, од каде што почна да се шири вирусот.

Досега се излекувани 24.000 лица.

Надвор од границите на Азија, најмногу заболени има во Италија – 152, каде што се регистрирани и три смртни случаи.

Поради вирусот, наречен Ковид-19, во Јужна Кореја е одложен почетокот на учебната година, а до крајот на март прекинати се авио-линиите од и кон градот Дегу, каде што е забележан најголем број случаи на заразени.

МИА