Шоуто на Вивалдиано со повеќе од 60 музичари, танчери и наратори, прв пат ќе биде изведен во Македонија и тоа на 4. август на сцената на Античкиот театар во Охрид.
Го сочинуваат оркестар на класични музичари и арт рок изведувачи, како и танчари и наратори.
Она што им дава друга димензија на шоуата на Вивалдиано е дизајнот на светлата и 3Д проекциите на јапонскиот уметник, режисер и аниматор Косуоке Сагимотоа.
Вивалдиано ќе се претстават пред публиката со композициите на италијанскиот композитор Антонио Вивалди, но на нов и возбудлив начин преку вешто спојување на класичната музика со модерни елементи.