Алтернатива Настани

Охридско лето: Жана Марчинска – виолончело, Украина; Гана Гусиева – пијано, Украина

Сподели:

Жана Марчинска виолончело и пијано започнува да изучува во Киев. Постојано е активна на музичките сцени, националните и интернационалните натпревари како:  „Уметноста на 21-от век“, Градскиот натпревар на млади пијанисти во Киев, Првиот регионален натпревар на млади пијанисти „Свјатослав Рихтер“ и други, како и на голем број фестивали. Во својата кариера Марчинска соработувала со познати оркестри, камерни ансамбли, диригенти и изведувачи. Во 2001 година ја добива Дипломата за најдобра изведба на дело од украински композитор. Редовен гостин е на мајсторски курсеви, меѓу кои и мајсторските курсеви за виолончело и свирење музика од античкиот период предводени од професорот Денис Северин во Високото музичко училите во Женева.

Гана Гусиева дипломира пијано на Конзерваториумот во  Одеса, а во 2012 и композиција на Музичката академија во Киев. Добитник е на повеќе признанија на различни интернационални натпревари по пијано и композиција, и повеќе фестивали во и вон Украина. Редовен посетител е на научни конференции во Одеса, Киев, Новосибирск, Виена. Последниве три години живее во Каен, Франција, и работи како пијанист во Оркестарот на  оперета на Нормандија  и како пијано придружба на хорот. Како композитор, Гусиева е автор на голем број дела за пијано, виолина, виолончело, вокал, но и композиции за гудачки, камерен и симфониски оркестар.

Програма:

Александер Зноско-Боровски (1908-1983): Импровизација и хумореска за соло виолончело

Микола Лисенко (1842-1912): Елегија „Тага”

Морис Равел (1875-1937): „Павана за мртвата инфанткиња“

                                              Вокализа-етида во форма на Хабанера

Семјуел Барбер (1910-1981): Соната за виолончело и пијано оп. 6

  1. Allegro ma non troppo
  2. Adagio
  3. Allegro appassionato

Астор Пјацола (1921-1992): Le Grand Tango за виолончело и пијано

Фредерик Шопен (1810-1849): Ноктурно и Мазурка

Микола Лисенко (1842-1912): Елегија за соло пијано

Валентин Василович Силвестров (1937): Приспивна и мазурка за соло пијано

Сподели: