ОК Вардар со уште една убедлива победа се враќа од Тетово – Во дербито славеше над Универзитет Тетово!

Сподели

И втора победа во вториот настап на ОК Вардар во вториот дел од сезоната 2021/22 во одбојкарскиот шампионат на Македонија.

ОК Вардар славеше нова победа веќе осма по ред, а втора во плејофот за шампионската титула во вториот дел од сезоната откако со убедливи 3-0 го победи нагости тимот на Универзитет Тетово.

Црвено-црните одбојкари го добија првиот сет со 25-19, додека во вториот сет кој беше доста неизвесен ОК Вардар го доби со 25-22 откако бркаше негатива скоро во целиот сет.

И во третиот сет ОК Вардар ги реши сите дилеми околу победникот и го доби со 25-15 за 3-0 и голема победа во дербито.

Ова е втора победа на ОК Вардар во Тетово откако во минатото коло ја победи и Шкендија со 3-1 во сетови. Па така одбојкарите на Вардар се искачија на второто место на табелата веднаш зад лидерот Струмица.

Во следното 3.коло кое е на програмата в сабота, ОК Вардар повторно ќе игра нагости овојпат во Велес против тимот на ГОК Борец.

ТАБЕЛА:

Струмица (12-0),
Вардар (8-4)
Универзитет во Тетово (8-4),
Шкендија (8-4),
ГОК Борец (7-5),
Лирија (6-6)

The post ОК Вардар со уште една убедлива победа се враќа од Тетово – Во дербито славеше над Универзитет Тетово! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico