Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Оливер Андонов: Мицкоски е политички потрошен!

Сподели:

 

“Денешната прес-конференција е со единствена тема: јавен и отворен повик до г. Мицкоски да си даде оставка од својата позиција претседател на ВМРО-ДПМНЕ и да го отвори со тоа патот, да се извршат неопходните демократски промени во ВМРО-ДПМНЕ и партијата, која во почетокот на своето создавање во деведесеттите години беше симбол на македонската демократија, повторно да се врати на пиедесталот како нормална демократска партија, а не како симбол на политичка декаденција”, изјави Оливер Андонов од Фракцијата за демoкратизација и реорганизација на ВМРО-ДПМНЕ.

Христијан Мицкоски е политички потрошен и треба да си замине од лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ! Кога велам потрошен, потрошен е политички, затоа што ако тргнеме наназад пет години, кажете ми една работа која Мицкоски ја направи, нешто со што ВМРО-ДПМНЕ може да се гордее дека учествувало во некој процес или одбранило некој национален интерес во Македонија. 

И напоменувам, не се работи за паралелна структура во ВМРО-ДПМНЕ, не се работи за нова политичка партија, не се работи за нова политичка структура во смисла на паралелизам, туку за членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои и понатаму ги повикуваат останатите членови на партијата да делуваме како политичка фракција внатре во партијата со единствена цел – демократизација и ревитализација на партијата, чиј прв чекор е оставка на Мицкоски”, истакна Андонов.

Сподели: