Вести Свет Ударни вести

ОН: криумчари турнале над 300 мигранти во море кај брегот на Јемен

Сподели:

Шверцери со луѓе, турнале од бродови во море во близина на брегот на Јемен над 300 мигранти.

Станува збор за два случаја во изминативе два дена.

Најмалку 56 од мигрантите се удавиле, додека многумина други се водат како исчезнати.

Меѓународната организација за миграции соопшти дека мигрантите биле главно од Сомалија и Етиопија и оти биле намерно фрлени во море.

Од јануари годинава околу 55 илјади мигранти ги напуштија земјите на Африканскиот рог. Во минатата година на брегот на Јемен пристигнале над 110 илјади мигранти.

РСЕ

Сподели: