Алтернатива Настани Топ теми Ударни вести

Фотографијата на фоторепортерот Борис Грданоски стана уличен графит во Мелбурн

Најпопуларната фотографија од Супер купот – „смачканата“ фаца на фудбалерот на „Манчестер Јунајтед“, Маруан Фелаини, стана уличен графит во Мелбурн. Делото е на анонимен уметник.

Фотографијата е дело на македонскиот фоторепортер Борис Грданоски, кој работи за агенцијата „Асошиејтед Прес“.

Таа беше направена за време на финалето на Супер купот што се одржа во вторникот во Скопје, каде „Манчестер Јунајтед“ беа поразени со 2-1 од „Реал Мадрид“.

„Смачканото“ лице на Фелаини брзо започна да се споделува на социјалните мрежи и беше користено за најразлични мемиња. Дури и самиот фудбалер ја сподели фотографијата на својот Твитер профил, шегувајќи се на своја сметка.

„Ви благодарам на сите кои ја објавивте и ми ја испративте фотографијата“, напиша тој.

Сподели: