Општина Гостивар традиционално служеше свечен ручек за децата од Дневниот центар со посебни потреби, двете посебни паралели на основните училишта „Исмаил Ќемали“ и „Мустафа Кемал Ататурк“, како и децата од здружението „Заедно можеме“.
На свечениот ручек покрај децата беа и нивните родители, а за расположението на децата се погрижија неколку маскоти, Дедо Мраз и пејачите Бетиме Јакупи и Фадби Илази.
На свечениот ручек присуствуваше и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари и неговиот тим во општината.
Новогодишни пакетчиња беа поделени и за здружението “Реалитет” како и за здружението “Тишина”.